Белгиските служби за безбедност проверуваат закана за одмазда како одговор на нападот во Красјтчрч.

Пред два дена службите регистрирале соопштение со повик за напад со автоматско оружје на „централната железничка станица“ во државата.

Соопштението е придружено со фото од централната железнична станица во Антверпен и завршувало со арапскиот израз – Алах е голем.

Во  соопштенирто се повикува за одмазда за „браќата муслимани“ загинати во терористички напади врз две џамии во Нов Зеланд. Службите за безбедност вршат длабока анализа, но засега не е предвидено засилено обезбедување на железничките станици во државата.