Само во главниот град на Германија, Берлин, годинава се поднесени 2.200 кривични пријави против климатски активисти, кои веќе се казнети со 600 парични казни, изјави началничката на берлинската полиција Барбара Словик.

Активистите од средината на јануари досега ги блокирале улиците во Берлин 276 пати. До средината на декември се случија 42 други акции на активисти, од кои некои се сметаат за криминални дела, изјави таа за агенцијата ДПА,.

Словик додава, полицијата поради радикалните протести потрошила 220.000 дополнителни работни часови на улица.

Групата „Последна генерација“ започна со блокади во втората половина на јануари годинава, а од октомври оваа група радикални активисти ги прошири своите активности низ Германија. Според Словик, во таа група има околу 500 луѓе од Берлин.