Најмалку 18 лица се пронајдени мртви во Бугарија во напуштен камион во село во близина на главниот град Софија, соопшти бугарското Министерство за внатрешни работи.

„Според првите информации, камионот превезувал нелегални мигранти, вкупно 40 луѓе, кои се криеле на место под транспортирана дрвена граѓа“, соопшти бугарското министерство.

Преживеаните се префрлени во болница, за да им биде укажана медицинска помош, се наведува во соопштението.