За мазохистички настроените луѓе кон лутото, британска фирма пушта во продажба нов чили сос кој „имитира реакција“ од убод од тарантула, објави весникот Метро.

Новиот продукт е „Scientific Steve’s Venom Chilli Sauce “.

Лутиот додаток кон јадења е така направена да имитира реакција од убод од отровната тарантула од видот Psalmopoeus cambridgei.

Симптомите се мускулни грчења и силна болка. Новиот продукт е во продажба од англиска фирма со седиште во Кент.

– Во сосот има компонента која е еднаква по сила со тој на отровот на пајакот, вели Стивен Трим, директор на фирмата. Сосот чини 6,5 фунти.