Во Бугарија се одбележуваат 76 години од смртта на Никола Јонков Вапцаров со нагласен акцент на бугарскиот фашизам како виновник за смртта на поетот. Тој е осуден на смрт и стрелан на Гранизонското стрелиште во Софија, на 23 јули 1942 година.
Стелан е заедно со ушпте неколкумина другари – Антон Иванов, Антон Попов, Петар Богаднов, Георги Минчев и Атанас Романов – заради неговиот антифашизам.
Одбележувањето главно се врши од страна на Социјалистичката партија на Бугарија со полагање цвеќе на местото каде е извршено стрелањето. Така, на пример, Калојан Паргов истакнува дека „наш дог е како Европјани и како социјалисти да не дозволиме да се заборави вистинското лице на фашизмот…“
Инаку, до царот Борис била поднесена молба за помилување на Вапцаров од страна на неговата мајка (која испратила писмо) но таа била отфрлена.
Инаку плочата на неговиот гроб во Софија е речиси уништена.