Цијанид и сулфурна киселина нема да се користи и ќе се формира независно тело за мониторинг, беше посочено на синоќешната консултативна средба за Проектот за развој на рудникот за бакар и злато Иловица – Штука, што се одржа во Струмица на иницијатива на Зоран Заев.

Како што информираат од владината прес-служба, во четиричасовната дискусија со која претседаваше премиерот Заев, учествуваа владини претставници од ресорните министерства и институции, градоначалници и претставници на засегнатите локални самоуправи, претставници на локалните заедници, граѓански организации и здруженија, технички експерти, претставници на ЕБОР и на компанијата – носител на проектот, „Еуромакс“, како и други засегнати страни.

Во текот на дебатата, се вели во соопштението, беа презентирани аргументи и студии од сите страни и се соочуваа ставови со цел меѓусебно разбирање и наоѓање решенија.

МИА