Фудбалерите на Барселона вечерва на натпреварот со Реал Мадрид ќе излезат во дресови на кои презимињата на фудбалерите ќе бидат напишани на кинески.
Кинезите, според лунарниот календар, Нова година ја прославуваат на 5 февруари и во нивна чест клубот од Ноу камп одлучи да ги потпише играчите и на јазикот на најбројниот народ во светот.
– Овој потег го направивме во состав на стратегијата за ширење на брендот Барселона во Кина. Нашата екипа, исто така, следново лето подготовките ќе ги спроведе на Далечниот Исток, во Јапонија и Кина, соопштија од Барселона.
Првиот меч од полуфиналето помеѓу Барса и Реал се игра вечерва (среда) во 21 часот на Ноу камп.