Премиерлигашот Вест хем почна истрага по повод расистичките навреди упатени од неговите навивачи кон фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах.

Реакцијата на Вест хем доаѓа по појавувањето на снимка со негов навивач на која се слушаат навреди упатени кон Салах, меѓу другото и поради тоа што тој е муслиман.

-Кога личноста ќе биде идентификувана, ќе ја пријавиме во полиција, а ќе добие и забрана за пристап на стадионот. За нас ваквото однесување е неприфатливо, стои во соопштението на Вест хем.

Натпреварот се одигра во понеделникот и заврши нерешено 1:1.