Францускиот фудбалски прволигаш Нант сака да добие дополнителни 15 милиони фунти од Кардиф за трансферот на Аргентинецот Емилијано Сала, објави „BBC“.

Пред два дена (на 4 февруари), спасувачите пронајдоа во водите на англискиот канал делови од урнатиот авион со кој леташе Сала. Претходно, велшкиот клуб веќе изјави дека нема да ги плати овие пари додека не добие целосни информации за смртта на играчот.

За потсетување, приватниот авион кој исчезна од радарските екрани вечерта на 21 јануари беше пронајден за време на приватна операција за пребарување на дното на англискиот канал. Нуркачите пронајдоа едно тело кое треба да се идентификува откако ќе се извади од водата.

Дваесет и осумгодишниот Сала се пресели во Кардиф од Нант на 19 јануари, но не успеа да одигра ниту еден натпревар за велшкиот клуб.