Квотата за вработување на сезонски работници во Црна Гора оваа година изнесува 18.190.

Во Црна Гора за оваа година е планирано вработување на 10.000 домашни сезонци при што се ангажирани околу 6.500 невработени лица, соопшти црногорскиот Завод за вработување.

Во првата половина од 2018 година, работодавците најмогу барале келнери, готвачи, пица мајстори, месари, пекари, собарки, хигиеничарки, садомијачи и работници за помошни работи.

Според Заводот за вработување, побарувачктата за сезонски работници е најголема во предсезоната. Но, тоа не значи дека не се бараат луѓе и во текот на сезоната.