Властите во Детроит по анонимна дојава, пронашле тела на 11 бебиња во распаѓање скриени во плафон на зграда на погребална фирма во тој град.
Полицијата соопшти дека телата на бебињата се пронајдени меѓу првиот и вториот спрат. Девет тела биле во картонска кутија, а останатите се во кеса за ѓубре и оставени во ковчег. Бебињата се идентификувани и полицијата ќестапи во контакт со семејствата.
Погребалната компанија е затворена во април откако инспектори привремено им одзеле дозвола за работа бидејќи во нивната зграда откриле човечки тела преку кои имало мувла.