Во Сочи вечерва се одигра извонреден фудбал меѓу фудбалските селекции на Шпанија и на Португалија, кој по многу пресврти на крајот заврши нерешено 3:3.
Кристијано Роналдо за Португалија постигна хет трик, 51. во неговата кариера.
Португалците поведоа уште во 4. минута, Роналдо даде гол од пенал, а на полувреме шпанските соседи отидоа со предност од 2:1. Највиновен за таквиот резултат е голманот Де Геа кој прими гол од Роналдо, кој и многу послаби голмани би го одбраниоле.
Во второто полувреме Шпанците направија целосен пресврт со головите на Коста и Начо, но како што велат мечот не е завршен доедка тоа не го каже Роналдо. Со феноменален слободен удар израмни на 3:3 на две минути прд крај на мечот.
Во претходниот меч одистата група Иран со 1:0 го совлада Мароко, со автогол во судиското продолжение.