Француската полиција приведе 47-годишен маж во Лион поради вознемирување откако за еден месец 27.000 пати се јавил на телефон во полициски и жандармериски станици.

Приведениот, чиј идентитет не се открива, од 7 април до 18 мај се јавувал во полиција и во жандармерија и ако се јавеле жени, зборувал за секс.

Вкупно 34 лица се жртви на неговото вознемирување.

Тој е уапсен во средата во хотел на периферијата на Лион, а по психијатриско вештачење одреден му е притвор и треба да биде испрашан пред истражен судија.