Податоците од пописот покажуваат дека од 19,3 милиони Германци кои имаат корени од други држави, 2,6 милиони се од балканските земји, при што рекордери се лицата што доѓле од Романија.
Федералната канцеларија за статистика објави дека според податоците добиени на последниот од 19,3 милиони Германци кои имаат мигрантско потекло, 2,6 милиони се од Балканот:Бугарија, Романија, Хрватска, Србија, Босна и од Косово.
Овие податоци покажуваат дека бројот на мигрантите се зголемил за 4,4 проценти во 2017 година споредно со 2016.
На „микро пописот“ спроведен лани се попишани 859.000 кои имаат потекло од Романија, 398.000 од Хрватска, 273.000 од Бугарија, што значи дека вкупно 1,5 милиони лица дошле од трите нови членки наУнијата.
Романците сега се четвртата најголема малцинска популација во Германија по Турците, Полјаците и Русите.
Значителни бројки на доселени има и од поранешните ју-простори – 373.000 Бошњаци, 433.000 Косовци и 324.000 Срби.