Германската полиција го приведе Јетон Љужа кој е третообвинет напаѓач на Никола Саздовски – Саздо кој почина од повредите.

Обвинетиот Љужа за кого полицијата распиша потерница вчера е уапсен во Хамбург, соопшти МВР.

На 29 јуни 2018 година на автобуска постројка во Автокоманда Бесир Беља, Скендер Демири и Јетон Љужа му пришле на сега починатиот Саздо, му побарале лична карта, им дал, и откако се увериле дека е тој, го нападнале. Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

За убиството на Саздо по 19 години затвор добија двајцата првообвинетите Бесир Беља и Скендер Демири.