Дванаесетте странски државјани кои во Гевгелија се заразиле со Ковид-19 се полицајци од Чешка кои работат на обезбедување на македонско-грчката граница. Ова за МИА го информираат од Министерството за здравство.

– Според информациите од Институтот за јавно здравје, се работи за полицајци од Чешка, кои работат на граница. Сите се изолирани во карантин во мотел/хотел „Вардар“, посочуваат од Министерството за здравство.

Во Гевгелија досега се регистрирани 73 случаи со КОВИД-19, од кои активни се 46.