Четири лица, меѓу кои и возачот, се повредени денеска во центарот на главниот град на Норвешка, Осло, кога трамвај удрил во продавница, соопшти полицијата.
Во соопштението се наведува дека во трамвајот во моментот на инцидентот имало 20-ина патници и дека продавницата е многу оштетена, пренесе „Ројтерс“.
На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како син трамвај удира во продавница за компјутери во центарот на норвешката престолнина.
Man åker till Oslo och det första man bevittnar är en jävla spårvagn som kraschar pic.twitter.com/NUQQRbvoN3
— victor christophe (@ViChristophe) October 29, 2024