Две лица загинаа, од кои едниот пожарникар, а најмалку 20 лица беа префрлени во болниците поради повреди, додека беше наложена дополнителна евакуација на населението.
Во земјата и натаму беснеат неколку десетици пожари, во кои изгореа голем број домови, фирми и земјоделски имоти. Пожарите се предизвикани од високите температури во Грција.
Во преградие на Атина загина волонтер пожарникар, врз кој падна електричен столб. Најмалку 20 лица, од кои четворица пожарникари, се хоспитализирани поради повреди, а двајца се на интензивна нега.
Силниот ветер и екстремно топлото време ги попречуваат напорите на 700 пожарникари, локални жители и помошта од Кипар, Франција и Украина. Илјадници луѓе се евакуирани, а куќи, автомобили и фабрики се уништени.
На островот Евија, стотици луѓе ги напуштија своите домови. Пожарите се проширија од едниот до другиот крај на вториот по големина грчки остров. Гори и на Пелопонез.
– Ангажираме се што можеме во гаснењето на пожарите, кои се без преседан и брзо се шират. Сите опожарени области ќе бидат пошумени. Владата значително ќе ја промени политиката за заштита од пожари и поплави, рече грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.