Во јули годинава земјава ја посетиле 171.862 туристи кои оствариле 682.854 ноќевања.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули годинава во споредба со јули 2018 година, е намален за 2,5 отсто, а бројот на ноќевањата е намален за 0,7 отсто. При тоа, бројот на домашните туристи е намален за 3,6, а на странските за 1,7 отсто, додека бројот на ноќевањата на домашните туристи е намален за 1,4 проценти, а кај странските туристи е зголемен за 0,5 проценти.

Во првите седум месеци од годинава во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2,1 проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување за 1,9, а кај странските за 2,3 проценти. Вкупниот број, пак, на ноќевања за овој период е зголемен за 0,9 отсто, при што кај домашните туристи се бележи намалување од 0,2, а кај странските има зголемување за 2,0 отсто.