Во изминатиот период се изврши систематско уредување на уличното осветлување долж регионалниот пат, почнувајќи од бензинската пумпа во Маврови Анови сè до скијачкиот центар во населбата Маврово.

Согласно програмските определби и приоритетите на градоначалникот м-р Онер Јакупоски, на оваа фреквентна делница беа поставени повеќе од 60 нови енергетски ефикасни електрични арматури, а воедно се изврши и целосна замена на сите дотрајани сијалици со нови.
Со оваа инвестиција не само што значително се подобрува видливоста и безбедноста на сите учесници во сообраќајот и пешаците, туку се постигнува и поголема енергетска ефикасност и намалување на трошоците за електрична енергија.
„Современото и функционално улично осветлување е од суштинско значење за сите наши жители, но и за сите туристи кои го посетуваат нашиот прекрасен регион. Наша цел е преку вакви конкретни проекти да го модернизираме секој дел од нашата општина“, истакна градоначалникот м-р Онер Јакупоски.

Општина Маврово и Ростуше активно продолжува со сервисирање на сите потреби на своите граѓани и со реализација на проекти кои го подобруваат квалитетот на секојдневниот живот во сите населени места.