Меѓународната организација за криминалистичка полиција – Интерпол денеска соопшти дека во меѓународната акција спроведена од 5 до 9 јули биле уапсени 286 лица осомничени за трговија со луѓе и биле откриени 22 криминални групи.

– Операцијата „Либертера“ се спроведуваше во текот на пет дена и се однесува на меѓународната трговија чија главна мотивација е профитот на организираните криминални мрежи, изјави Јирген Шток, генерален директор на Интерпол со седиште во Лион.

Според него, 22 криминални мрежи биле откриени благодарение на сеопфатната и координирана полициска акција. Акцијата е спроведена во 47 земји каде имало околу 500.000 инспекции на разни контролни пунктови, вклучително и на аеродромите, како и во областите кои разузнавачките служби ги утврдиле како приоритет.

Шток истакна дека биле спасени 430 жртви на трговија со луѓе и биле идентификувани 4.000 илегални мигранти од 74 земји.