Во САД е регистриран нов неделен максимум на инциденти со огнено оружје – во периодот од 17 до 23 јули имало 915 случаи, 430 лица загинале и 1.007 биле повредени, јави Ен-Би-Си и организацијата Gun Violence Archive.

Статистичките податоци покажуваат драстично зголемување на тој вид инциденти во последниве години. Во 2020 година, 43.000 Американци загинаа од огнострелни рани. Оваа година, бројот на загинати достигна 23.000 од јануари, повеќе од 800 лица на возраст под 18 години.

Американскиот претседател Џо Бајден предложи голем број прогресивни мерки за намалување на најсериозните пропусти во правниот статус на набавка и носење оружје, но се уште нема напредок во таа насока.