„Американски трупи вклучени во напад со беспилотно летало во Кабул кон крајот на август, при што загинаа 10 цивили, меѓу кои седум деца, нема да бидат казнети“, соопшти Пентагон.
– Немаше доволно цврсти елементи за да се утврди лична одговорност, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби. Одлуката за тој удар извршен во последните денови од американското присуство во Авганистан ја донесе американскиот министер за одбрана Лојд Остин по пријава од двајца високи офицери.