Општина Охрид информира дека по невремето кое попладево го зафати градот, екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ веднаш излегоа на терен за да ги исчистат и санираат последиците.
Воедно, од општината апелираат до сите граѓани да ги информираат за сите локации каде им е потребна помош и има поголемо задржување на вода или се направени поголеми оштетувања, за да може итно да се реагира.
Граѓаните можат да пријават во Центарот за управување со кризи на телефонскиот број 195.
Инаку, во невремето проследено со обилен пороен дожд, град, грмежи и засилен ветер, што зафати повеќе градови во земјава попладнево, најмногу дожд до 16:00 часот наврна во Охрид, каде се измерени 28 литри на метар квадратен.
Според податоците од УХМР, попладнево под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса беа североисточните и југозападните делови од земјава, а нестабилноста беше поинтензивна во регионот на Куманово и Крива Паланка, Пелагонија и Охридскиот регион.