Вториот параглајдерист, кој беше префрлен на лекување во болницата во Прилеп поради тешките повреди здобиени по пад кај Мечкин камен, во Крушево, вечерва им подлегнал на повредите.

Наталија Спирова началник на оделение за односи со јавноста при МВР, за МИА, потврди дека двајцата параглајдеристи се странски државјани, од кои едниот е со украинско, а другиот со британско државјанство.

Трагичниот настан се случил денеска околу 12:40 часот, кога двајцата параглајдеристи паднале кај Мечкин Камен. Едниот загинал на самото место, а вториот со тешки повреди беше префрлен во Прилепската болница.

Од МВР, засега не соопштуваат други детали за настанот.

Полицијата направи увид на местото на несреќата.

Претходно МВР извести дека еден параглајдерист починал, а друг се здобил со тешки телесни повреди откако двајцата паднале кај Мечкин Камен во Крушево.

Трагичниот настан се случил околу 12:40 часот кај Мечкин Камен.

Тешко повреднеиот парглајдерист е пренесен на лекување во Прилеп.

Според Наталија Спирова, началник на секторот за односи со јавност во МВР, други детали за трагичниот настан не се познати.

Полицијата направи увид на местото на несреќата.