Красимир Каракачанов, министерот за одбрана на Бугарија, издаде наредба за детална истрага по синоќешната несреќа кога при пад на хеликоптер Ми-17 загинаа двајца бугарски пилоти.
Несреќата се случи синоќа ококлу 20.30 часот за време на тренажен лет изведен во авиобазата Крумово. Хеликоптерот од засега нејасни причини ја изгубил висината и паднал од 30 метри. При падот загинаа командирот на екипажот, капетан Пламен Пантелеев и вториот пилот, капетан Стојан Неделчев. Техничкиот офицер Алексеј Каменов е повреден и се наоѓа во болницата „Св. Ѓорѓи“
Двајцата загинати важеле за искусни пилоти а за нивната активна воена служба неколкукратно биле наградувани.
Претседателот Румен Радев денес ќе ја посети воената болница во Софија за лично да се види со преживеаниот Каменов.