Кралицата Летиција од Шпанија (47) и кралот Филип (52) ги угостија претставниците на медиумите од нивната земја во знак на одбележување 30 години од основањето на Атресмедиа, една од најголемите медиумски куќи во Шпанија.
Шармантната кралица, која и самата со години работеше како новинар и со задоволство присуствува на собирањата во чест на оваа професија и нејзините поранешни колеги, изгледаше беспрекорно на овој прием и повторно покажа дека деловниот стил може да биде разигран и забавен.
Летиција носеше цветен дезен на лелеава кошула со малку пократки ракави кои на крајот се прошируваат, а која беше затворена околу вратот. Станува збор за модел од брендот Indi & Cold кој чини само 65 евра, а исто така е во склад со модните навики на кралицата Летиција која не сака да троши премногу пари на облека доколку тоа не е неопходно.
Атрактивната сопруга на кралот впечатливата кошула ја искомбинира со едноставни црни панталони и елегантни салонки во црна боја, а посебно интересен детаљ од нејзината комбинација се долгите обетки и впечатливиот прстен кој го носеше на показалецот.