Пред три години, Џен Аткин ја планирала венчавката од соништата, но нејзиниот свршеник ненадејно откажал се. Како причина за тоа рекол дека е „премногу јаде фаст фуд“ и дека е предебела.

Но, кога би ја видел денес, сигурно би се покајал бидејки таа „предебела“ сега е прогласена за мис на Англија и изгледа опасно добро.

Оваа 26-годишна русокоса ја замени брзата храна со здрава, го смени начинот на исхрана, се посвети на сериозни тренинзи и за две години ослабела 50 килограми.

Откако од 107 падна на 57 килограми, стана мис на Сунторп а потоа, во 2018 година беше прва придружничка на мис на Англија. Накусо се повлекла од натпреварите за убавина, но неодамна се врати на 75. Избор за мис на Англија и ја освои круната.

-Во шок сум поради победата. Не можам да опишам колку сум среќна. Почнав да се натпреварувам поради забава и воопшто не мислев дека ќе стасам толку далеку. Никогаш не помислив дека ќе станам мис на Англија, но трудот се исплати, изјавила Џен.