Неталентирана, како што ја окарактеризирале, но сепак актерка која остави длабок печат во сцените во филмовите, со својата животна биографија, за Мерилин Монро луѓето никогаш не престанаа да зборуваат.

Најголемата мистерија поврзана со неа е нејзината смрт. Некои ја сметаа за премногу вулгарна и премногу слободна личност додека пак другите го гледале нејзиното кревко лице. Вистината е дека Норма Џин немала толку убав живот.

Своето детство го поминала во сиропатилиште, татко ѝ ја напуштил, а мајката престојувала во психијатриска болница.

Три пати се венчала, никогаш не се усреќила. Постои верзија на прказна според која нејзиниот последен сопруг, Артур Милер бил целосно незаситен од неа па поради тоа спиеле во одвоени соби. Имала спонтан абортус и се соочила со фактот дека никогаш нема да може да стане мајка.

Најубавата жена на светот водела внатрешни битки, но секогаш била во потрага за вистинска љубов каква што до крајот на својот живот не сретнала.

Се шпекулираше и дека тогашниот претседател на САД, Кенеди бил нејзин љубовник, но и дека нејзината смрт е поврзана со него.

Но, тоа што е најголема мистерија се фотографиите од мртовечницата. Популарниот фотограф Ли Винер забележал повеќе фотографии, меѓутоа дел од нив кои што ги развил ги ставил на сигурно место.

Ли починал во 1993-та година, а својата тајна ја однел во гроб.

Една од фотографиите веднаш по смртта на Мерилин била објавена во јавноста и истата го обиколила светот.