Во Пехчево заврши обуката во рамките на проектот „AI4HerWellbeing“, насочена кон унапредување на дигиталните компетенции, менталната благосостојба и економското оснажување на жените преку примена на современи технологии и вештачка интелигенција.
Во рамки на обуката, учесничките се запознаа со практични AI алатки кои можат да се користат во секојдневната работа, за подобрување на професионалните вештини и за полесно адаптирање на барањата на современиот пазар на труд. Посебно внимание беше посветено на улогата на дигиталните технологии во поддршката на менталното здравје и намалувањето на стресот.
-Преку интерактивни работилници, практични вежби и дискусии, присутните имаа можност да разменат искуства, да поставуваат прашања и да ги согледаат можностите што ги нуди вештачката интелигенција за личен и професионален развој, истакнаа Цветанка Штерјова Бурзевска, професионален гешталт терапевт и терапевт по арт-терапија и Моника Ризовска Таневска, AI експерт, кои преку својата експертиза ги презентираа придобивките и практичната примена на современите технолошки алатки.

Организаторите изразија благодарност до Општина Пехчево за поддршката при реализацијата на настанот, како и до сите учеснички за нивниот активен придонес во создавањето мотивирачка средина за учење и размена на знаења.

Проектот „AI4HerWellbeing“ е кофинансиран од Европската Унија во рамките на мрежата „Младински Хаб на Западен Балкан и Турција“ и има за цел да придонесе кон поголема инклузивност, еднакви можности и подобар квалитет на живот на жените преку користење на иновативни пристапи и нови технологии




