Девет лица загинаа а едно се води за исчезнато откако денеска се превртел глисер со 15 мигранти во близина на турскиот брег, јави турската државна агенција Анадолија.
Петмина мигранти успеала да спаси турската крајбрежна стража и рибари, јави Ројтерс.
Глисерот се превртел во близина на јужната провинција Анталија.