Во Ресен денеска ќе почне 20-тата традиционална дводневна манифестација „Преспански јаболкобер 2020“ .
Манифестацијата, информираат од Општина Ресен, е поврзана со празнувањето на Православниот христијански празник Крстовден и воедно претставува традиционален почеток на бербата на јаболката во Преспа.
Свечено откинување на првото јаболко, кое ќе се одржи утре во 11 часот, на овошниот насад Свислион Агроплод, Ресен.