Актерот Антонио Бандерас синоќа го отвори театарот што го основаше во својот роден град Малага со премиерата на мјузиклот „A Chorus Line“ во кој и тој настапува.

За отворањето на неговиот театар „Театро дел Сохо“ во Малага, јужна Шпанија, Бандерас избра дело кое зборува за анонимни уметници и за нивните страдања зад сцената.

– Претставата зборува за „луѓе кои навистина ги поддржуваат мјузиклот и театарот, но нивните имиња не блескаат и не се познати на пошироката јавност“, рече Бандерас, кој игра еден од 26-те актери во претставата.

Оркестар од 22 музичари директно ја следи претставата во новиот театар со повеќе од 800 места.

Бандерас (59) ја започна својата кариера во текот на 80-тите години во Шпанија. На 19 години, тој стана актер во Шпанскиот народен театар. Се истакна глумејќи во филмовите на режисерот Педро Алмодовар и во холивудски остварувања како „Атентатори“, „Интервју со вампирот“, „Десперадо“, „Филаделфија“ и „Маската на Зоро“.