Најмалку 64 деца се хоспитализирани поради труење со храна во кампот Соснова Бор во рускиот регион Свердловск на Урал, соопшти денеска регионалното Министерство за здравство.
Сите деца имаат слични симптоми, а во тек се лабораториски анализи за да се утврди точната причина.
Портпаролот на Министерството изјави дека 33 деца се сместени во болница во градот Кушва, а 31 во местото Нижњи Тагил.