Милиони гласачи во Северна Кореја меѓу кои и лидерот Ким Џонг Ун, денеска излегуваат на парламентарни избори.
Ќе бидат избрани 687 членови на Парламентот, Врховното народно собрание, кое на хартија е највисок орган на власта во државата. Изборите се одржуваат секоја петта година и претставуваат повеќе одобрување или ретко неодобрување на кандидати.
Кандидатите ги бира владејачката Работничка партија на Кореја и неколку помали коалициски партии – Партијата на младите пријатели на религијата на небесниот пат, и Социјалдемократската партија – кои имаат пратенички места, но многу малку независност.
Излезноста е обично висока, околу 99 отсто.
Право на глас имаат сите граѓани со наполнети 17 години.
По изборите во 2014 година во Парламентот огромно мнозинство омаат од РПК – 607, Социјалдемократската партија има 50, Партијата на младите пројатели – 22 и уште осум места се од претставници на општествени организации.