Бродови на Северната флота на Русија предводени од фрегатата „Адмирал Горшков” поминаа во близина на база на воздухопловните сили на Шкотска и ја вознемирија Кралската морнарица и британските политичари, објави весникот “Тајмс”.

Весникот нагласува дека главниот фокус бил ставен на „Адмирал Горшков” поради најновиот систем за визуелно-оптичка интерференција „Филин”, кој, според информациите на весникот, може да предизвика халуцинации кај противникот.

Весникот тврди дека рускиот брод, наводно, извршил противдиверзни вежби во близина на шкотскиот град Лосимут, што било причина ракетен разорувач „Дифендер” на британската морнарица да биде ангажиран за следење на „Адмирал Горшков”.