Авион на етиопската авиокомпанија „Етиопиан ерлајнс“ се урна на пат од Адис Абеба кон кенискиот главен град Најроби.

Портпарол на авиокомпанијата нагласи дека во авионот имало 149 патници и 8 луѓе екипаж. Станува збор за авион Боинг 737.

Во соопштение од Кабинетот на премиерот на Етиопија беа испратени најдлабоки сочувства за семејствата кои загубиле блиски во авионската несреќа.