Авион со 12 патници падна вчера во близина на местото Сан Мартин југоисточно од Богота во Колумбија, јавија локалните медиуми.

Полициски извор, за Ројтерс, потврдува дека во несреќата загинале 12 лица.

Агенцијата за цивилна авијација потврди во соопштението дека во несреќата нема преживеани. Авионот од типот ДЦ-3 во 10:40 часот по локално време испратил повик за помош.

Воздухопловот е на компанијата Ласер Аеро, а полетал од Сан Хозе дел Гуавиаре. Во него биле три членови на екипажот и девет патници, меѓу кои и градоначалничката Тараире Дорис Виљегас.

Причината за падот на авионот, кој е во употреба уште од Втората светска војна, се уште не е позната, а се срушил по еден час од полетувањето.

Даглас ДЦ-3 е двомоторен транспортен авион воведен во американското воено воздухопловство во текот на Втората светска  војна. Тој е најпроизведуван транспортен авион во историјата на авијацијата.