Најмалку 21 случај на акутен хепатитис од непознато потекло кај деца се идентификувани во Шпанија од декември минатата година, објави денеска весникот Ел Паис.
Како што е наведено, 18 пациенти се помали од десет години. На едно дете му била потребна трансплантација на црн дроб, а најмалку пет деца биле примени на одделенијата за интензивна нега.
На 26 април, Светската здравствена организација (СЗО) објави дека активно ги истражува случаите на акутен хепатитис од непознато потекло.
Според СЗО, ширум светот се потврдени околу 160 случаи. Болеста се карактеризира со покачени нивоа на ензими на црниот дроб и во многу случаи гастроинтестинални симптоми, вклучувајќи абдоминална болка, дијареа и повраќање.