Воени хеликоптери во Швајцарија почнаа да носат вонредни залихи вода за сточари во планински предели каде илјадници крави страдаат од жед поради недостиг од вода.
Од 20 јули Армијата изврши девет такви операции. Во кантонот Сен Гален на планинските пасишта се доставени неколку илјади литри вода, која се доставува од езерото Валенца. Испораката не се наплаќа, бидејќи се финансира од редовниот воен буџет.
Во изминатите денови потрошено е повеќе вода отколку што има на располагање, соопштија властите.