Словенечкиот парламент во четвртокот ја потврди без ниеден глас против измената на законот за минималната плата, според која нето платата за полно работно време од почетокот на следната година ќе изнесува 667 евра, наместо сегашните 637 евра.
Според Хина, предлогот го даде левичарската партија, со поддршка на партиите од владејачката коалиција, и беше потврден со 56 гласови за и ниту еден против.
До 2020 година ќе биде 700 евра.
Новиот закон за минимална плата, исто така, предвидува динамика во која ќе се зголеми минималната плата на 700 евра во 2020 година.
Според формулата предложена од левицата, минималната плата во иднина не треба да биде помала од 80 проценти од пресметаните минимални трошоци за живеење.