Со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, словенечката Влада донесе одлука го намали бројот на групирани лица од 10 на шест и воведе забрана за движење во текот на ноќта од 21 до 6 часот, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Алеш Хојс. Покрај тоа, до дополнително известување, сите јавни настани, верски церемонии и свадби низ целата земја се забранети.
Собир н а повеќе од шест луѓе е можен само доколку се почитува мерката за физичко растојание.
Од забраната за движење во текот на ноќта се изземени само случаи кога станува збор за опасност по живот, здравје и имот, за одење на работа и враќање дома од работа и за извршување на потребни работни задачи или нудење потребни услуги.
Од денеска на полноќ, со некои мали исклучоци, невозможно е движење надвор од матичните региони, а можноста за преминување на државната граница е законски одредена.
– Ако имате недвижен имот или земјиште во странство каде што треба да направите нешто итно, тогаш преминувањето на границата е можно само за таа цел, рече Хојс, додавајќи дека оваа опција нема да може да се злоупотреби.