Во сообраќајката несреќа на патот Градско – Прилеп на превојот Плетвар, животот го загуби 29-годишен прилепчанец.

До несреќата дошло при директен судир на автомобил со прилепски таблички и цистерна.

Собрааќајот на делницата е во прекин од 18 часот и формирана е огромна колона на возила.

Ова е втора тешка сообраќајка за три дена. Претходно се случи сообраќајка на истата делница, по која 20-годишно момче се бори за живот на скопските клиники.