На синоќешниот натпревар меѓу ПАОК и Абердин во Солун беа забранети македонски знамиња. Причина е македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кој настапува за шкотскиот тим. Тој на првиот меч им покажа три прста и тоа беше доволен повод за домаќините да забранат наши знамиња на „Тумба“ стадионот.
Пред почетокот на натпреварот гостински навивачи добија инструкции, правила кои мора да ги почитуваат на стадионот „Тумба“ во Солун. Едно од тие правила беше да не се внесуваат македонски знамиња, поточно тоа е забрането од страна на Грците.