Во мизерна атосфера која досега не се случила, во очајно бедната сала во Струмица, македонската ракометна репрезентација, во слаба игра, го заврши првото полувреме од клучниот натпревар во квалификациите со Грција со водство до два гола, 13-11.

Грците беа водство во текот на целото полувреме, на два пати имаа предност и од три голови (3:6 и 5:8), а нашето прво водство се случи при крај на полувремето кога поведовме со 11:10.

Во салата има мал број гледачи, а гледачите од Републиката веќе тераат мајтап дека публиката е составена од активисти на СДСМ кои се плашат да навиваат за да не ги види некој функционер на СДСМ.

Очигледно е дека Владата и раководството на ракометот во Македонија се исплашија од навивачите кои си ја сакаат својата репрезентација и очигледно дека повеќе водеа сметка за политиката отколку за спротот, па оттука и овој натпревар кој со ваков третман доби карактер на натпревар од некоја споредна лига.