Турските пожарникари трет ден се борат со шумските пожари. Десет пожари се уште се активни, вклучително и три во реонот на летувалиштето Анталија.
Од 98 пожари што избувнаа во средата во различни региони, 88 се ставени под контрола.
Гаснењето на огнот на брегот на Средоземно Море е отежнато од силните ветрови. Голем број региони и хотели се евакуирани, а туристите се однесени на безбедно место.
Во пожарите досега загинаа четири лица.
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска подрачјата зафатени со шумски пожари ги прогласи за „зони на катастрофи“.
Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со Ердоган потврди дека Москва ќе продолжи да дава сеопфатна помош за Анкара во гаснењето на шумските пожари.
Во соопштението од Кремљ се наведува дека во телефонскиот разговор била потенцирана „важноста на соработката помеѓу двете земјите во борбата против природните катастрофи“.