Украинското обвинителство и претседателот Володимир Зеленски денеска соопштија дека од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година убиени се 707 деца, а повредени се 2.548.

-Секоја смрт, е дете чија иднина е украдена, објави Зеленски на Телеграм и ја повика Русија да „сноси одговорност за овие злосторства“.

Обвинителството, исто така, на Телеграм наведе дека се поведени повеќе од 6.000 кривични постапки за злосторства против деца.

Украинското обвинителство истакна дека бројките се однесува само на документирани случаи и оти вистинскиот обем на трагедијата на привремено окупираните територии (источна Украина) може да биде многу поголем“.

До судовите се поднесени обвиненија за 108 лица.

– Нема рок на застарување за вакви злосторства, истакна обвинителството.