Германскиот производител на автомобили БМВ соопшти дека ќе гради фабрика во источна Унгарија, во која ќе се произведуваат до 150.000 конвенционални и електрични возила годишно.

Компанијата соопшти денеска дека изградбата на таква фабрика во близина на градот Дебрецен ќе чини околу милијарда евра, а со тоа ќе се обезбедатр повеќе од илјада работни места.

БМВ соопшти дека од вкупната продажба, реиси 45 отсто возила се продадени во Европа во 2017 година, односно 1,1 милиони возила