Денеска се одржаа два паралелни настани, еден во Македонија и еден во Словенија, а и двата ги поврзува „виното и вистината“ за проблемите на лозарите во Македонија.
Во Неготино протестираа лозарите, незадоволни од вреднувањето на нивниот труд и обвинија дека во Македонија постпо винска мафија. Истовремено додека траеше протестот во Тиквешко, на саем во Словенија е најодговорниот за проблемите на лозарите и земјоделието, министерот Љупчо Николовски.
Еве го службениот извештај за министерот Николовски:
Македонските традиционални производи и македонското вино денеска беа презентирани на Меѓународниот саем АГРА 2022 што се одржува во Словенија.
Презентацијата беше во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а како што информираат оттаму, посетителите изразиле задоволство од квалитетот и вкусот на македонската храна и вино.
На презентацијата присуствувал и министерот за земјоделство Љупчо Николовски заедно со претседателот на Словенија, Борут Пахор и министерката за земјоделство, шумарство и храна Ирена Шинко.
Саемот АГРА е еден од поголемите и позначајни меѓународни саеми, на кој се претставуваат изложувачи од голем број држави во светот, а со свој штанд е претставена и Република Македонија. Изложбениот простор на Северна Македонија презентира повеќе области од земјоделството, економијата и можностите за инвестирање во развој на бизниси, особено продлабочување на соработката со Словенија, но и соработката со соседните земји и земјите од регионот.
Оваа година, фокусот на саемот е ставен на меѓународната година на рибарството и аквакултурата, европската година на младите, иновациите и дигитализацијата, иднината на земјоделството, климатските промени и водните ресурси, органското земјоделство, храната, зајакнувањето на руралните подрачја, биодиверзитетот, шумите и дрвата и нашето здравје.
– Саемот АГРА претставува можност за промоција на голем број земји, региони и организации, деловни и професионални институции. На саемот истовремено се случуваат голем број професионални, деловни и социјални настани, кулинарски дегустации, дегустации на вино, консултации за земјоделство, совети за безбедна работа во шумите, тркалезни маси и предавања за актуелни теми, тематски натпревари и многу други едукативни настани, информираат од Министерството за земјоделство.
На саемот се претставуваат најновите технологии за производство, одгледување и преработка на глобалните брендови за земјоделски машини, машини за шумарство и опрема за прехрамбената индустрија.
А еве го подолу извештајот од денешните протести во Тиквешко кои е најавено дека ќе продолжат.