Од Клиниката за инфективни болести во Загреб известуваат дека во тек е тестирање на вкупно шест примероци на коронавирус (КОВИД-19), по еден од Сплит и Ријека и по два примерока од Загреб и Сисак.

Информациите за резултатите ќе бидат достапни по завршување на тестирањето, преку здравствените установи, од каде се испратени примероците на тестирање на Клиниката за инфективни болести во Загреб, согласно со Општата регулатива за заштита на податоци.

Во досегашните тестирања во Клиниката ниту еден примерок не бил позитивен на новиот коронавирус.

Информациите ќе бидат ажурирани во зависност од појавата на нови примероци, се наведува во соопштението на Клиниката.